Претходна статија
Владините проекти ќе проголтаат 1.196 хектари од Националниот парк „Галичица“
Следна статија
Наместо катна гаража, општина Центар ќе гради училиште

Се продава градежно земјиште во Пехчево

Објавено на 24.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Викенд куќи, бензинска станица и индустриски објекти ќе се градат во Пехчево. Државата продава градежно земјиште за изведба на девет објекти за времено сместување во туристичкиот локалитет „Равна река“, една бензинска станица во Пехчево и два откупни пункта за земјоделски производи во месноста Подуево. На заинтересираните инвеститори на електронска лицитација им се нудат парцели со површина од 325 до 1.720 метри квадратни за изградба на објекти за времено сместување – викендички и одморалишта, по почетна цена од 148 денари за метар квадратен. Парцела со површина од 5.436 метри квадратни за изведба на бензинска станица и услужен центар ќе се продава по почетна цена од 210 денари за метар квадратен. За оние кои сакаат да вложат во индустриски објекти, на располагање им се две локации од 891 и од 5.973 метри квадратни, со почетна цена од 61 денари за метар квадратен.

 

Пријавите за учество на наддавањата за сите парцели треба да се достават најдоцна до 26 февруари, а аукцијата ќе се одржи на 5 март.