Претходна статија
Започнаа работите и на надворешната страна на „јужна“
Следна статија
Во Тетово се гради „Рем Центар“

Се продава голема државна парцела кај граничниот премин Богородица

Објавено на 19.04.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

урбанистичкиот план вон населено место за „Повеќенаменски комплекс, Граничен премин Богородица“Минстерството за транспорт и врски распиша оглас за јавно наддавање за отуѓување на државно градежно земјиште во општина Гевгелија на кое е предвидена изградба на трговски центар. Парцелата зацртана во урбанистичкиот план вон населено место за „Повеќенаменски комплекс, Граничен премин Богородица“ се наоѓа кај местото викано Милци и е со површина од 23.088 метри квадратни. Почетната цена изнесува 2.000 денари за метар квадратен. Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 20.05.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 31.05.2010.