Екипите на ЈП „Улици и патишта” продолжуваат со менување на лантерните и електрониката на семафорите во Скопје. Деновиве е поставен нов контролер, како и 12 возачки и 8 пешачки лантерни на крстосницата кај „Тутунски Комбинат“, помеѓу улиците 11 Октомври и Пролет“. Нов контролер и 11 возачки лантерни се поставени и на крстосницата кај „Црвен Крст“, помеѓу улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин. Динамиката на поставување на новите лантерни во наредниот период ќе зависи од временските услови. Дел од старата опрема неодамна градот ја донираше на општините Прилеп, Кавадарци и Кочани.
Вградувањето на нови контролери и поврзување на крстосниците со оптички кабли се предуслови за најавеното функционирање на „зелен бран“ долж повеќе скопски сообраќајници. Досегашните обиди во тој правец завршуваа неуспешно пред се поради губење на координацијата на одделни крстосници при исклучување на семафори од страна на МВР.