Претходна статија
Владата ќе гради најмалку 10 градинки низ целата земја
Следна статија
Помалку работа за македонските градежници во странство

Се одолговлекува конечната одлука за „Чебрен“ и „Галиште“

Објавено на 29.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владата на Република Македонија после разгледувањето на извештајот за тендерот за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“, на вчерашната седница донесе став да се побараат дополнителни информации од тендерската комисија при Министерството за економија. Временскиот рок за избор на најповолен понудувач не е споменат и истиот веќе се одолговлекува во неколку наврати. Откако владата ќе ги добие бараните информации, ќе биде донесена конечната одлука. Во меѓувреме, низ македонските медиуми речиси секојдневно се шпекулира со информации и се лобира за одделни компании кои ќе треба да ги остварат повеќедецениските ветувања поврзани со овој проект.

 

На објавениот тендер беа доставени две понуди од кинескиот конзорциум CWA (China Water Electric) и грчката PPC (Public Power Corporation S.A.). Кинезите на државната компанија ЕЛЕМ и нудат 40,5% од акциите на идните хидроелектрани, додека грчката компанија е спремна да отстапи 28%. Најповолниот понудувач ќе треба да ги гради двата енергетски објекта по пат на јавно – приватно партнерство со „Електрани на Македонија“.

 

 

Бојан Блажевски