Министерството за транспорт и врски објави оглас за јавно наддавање за долготраен закуп на 22.800 метри квадратни во Општина Гевгелија. Земјиштето е наменето за изградба на ветерници, а траењето на закупот е 40 години. Деветнаесетте предметни градежни парцели се предвидени со Урбанистички проект за Ветропарк Гевгелија – Југ. Почетната цена изнесува 60 денари за метар квадратен, односно вкупно 1.368.000 денари за целото земјиште. Пријавите за учество можат да се доставуваат најдоцна до 31.05.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 08.06.2010.