Претходна статија
Започнува изградбата на хотелот на „Дивелоп груп“ во Охрид
Следна статија
Реконструирана и надградена битолската универзитетска библиотека

Се нудат парцели за изградба на винарии во Дебарца

Објавено на 23.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Објавен е оглас за продажба на три градежни парцели наменети за изградба на винарии во општина Дебарца, лоцирана во охридскиот регион. На потенцијалните инвеститори им се нудат парцели со површина од 2.186, 2.437 и 2.644 метри квадратни во месноста Подлабинци, село Мешеишта. Урбанистичкиот план дозволува изградба на винарии со максимална висина до венец од 12 метри, со приземје и два ката. Почетната цена изнесува 61 денари за метар квадратен. Заинтересираните треба да ги достават своите понуди за учество на електронската лицитација најдоцна до 24 март, a јавното наддавање по електронски пат ќе се одржи на 31 март. Најповолните понудувачи за локациите за градење на винариите ќе бидат должни да обезбедат градежни дозволи од општина Дебарца во рок од девет месеци, сметано од денот на извршената солемнизација на купопродажниот договор.