Претходна статија
Есенва Штип ќе добие зоолошка градина
Следна статија
Општина Струмица ја гасифицира индустриската зона „Север“

Се нудат парцели за изградба на фабрики и куќи во општина Илинден

Објавено на 05.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Илинден денеска го објави огласот за продажба на седум градежни парцели за изградба на производствени објекти од областа на лесната и незагадувачка индустриска во економската зона „Илинден“. Локациите наменети за градење се со големина од 9.163 до 20.571 метри квадратни, додека вкупната површина на понуденото земјиште изнесува 106.035 метри квадратни. На домашните и на странските инвеститори им се нуди земјиште по почетна цена од 61 денари за метар квадратен, на кое ќе можат да ги подигнат објектите во кои ќе ги остварат своите бизнис планови. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање ќе треба да се достават најдоцна до 7 октомври, додека електронската лицитација ќе се одржи на 10 октомври.

 

 

 

 

Општина Илинден деновиве понуди и нови седум градежни парцели за изградба на куќи во идната населба „Јака“. На граѓаните им се нуди земјиште со површина од 480 до 559 метри квадратни, на кое можат да вложат финансии во изградба на индивидуални домови. Проценетата вредност на секоја од понудените локации изнесува 148 денари за метар квадратен. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите пријави најдоцна до 23 септември, а електронското јавно наддавање ќе се спроведе на 26 септември.