Општина Илинден огласи на продажба 14 градежни парцели за изградба на куќи за индивидуално домување новата населба „Јака“. Нивната површина се движи помеѓу 348 и 434 метри квадратни, додека почетната цена изнесува 148 денари за метар квадратен. Физичките и правни лица што пројавуваат интерес за градежното земјиште треба да ги достават своите понуди, заедно со доказ за уплатен депозит, најдоцна до 3 јануари 2014 година. Електронската лицитација ќе се одржи на 10 јануари. Локалната власт во континуитет објавува огласи за отуѓување на земјиште во населбата „Јака“, кои во најголем дел се успешно реализирани, со распродадени локации за градба на куќи.
На сите идни жители на населбата бесплатно ќе им бидат понудени подготвени идејни и основни проекти за изградба на објекти за индивидуално домување, со што значително се олеснува процесот за добивање нов дом. Од општина Илинден нагласуваат дека новата населба „Јака“ се наоѓа на само 10 километри од центарот на Скопје, се простира на површина од 28 хектари и опфаќа вкупно 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простори за собири.