Претходна статија
Непречено се одвива ревитализацијата на манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане
Следна статија
Конкурс за идејно решение за нова плажа на Охридското езеро

Се нудат 10 парцели во новата индустриска зона кај Неготино

Објавено на 10.07.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за транспорт и врски продава 10 локации во рамките на новата индустриска зона кај Неготино. На потенцијалните инвеститори им се нудат градежни парцели со површина од 4.300 до 18.315 метри квадратни, на кои ќе можат да изградат објекти од лесната индустрија и стоваришта. Според денешното соопштение од надлежното министерство, почетната цена на земјиштето на електронското јавно наддавање ќе изнесува 61 денари за метар квадратен. Пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 28 јули, а лицитацијата ќе се одржи на 31 јули. Индустриската зона е лоцирана во близина на селото Црвени Брегови и се протега на површина од 30 хектари.