Претходна статија
„Wizz Air“ го скрши мразот, нови авиокомпании доаѓаат
Следна статија
„Кемет Електроникс“ отпочна со градба во Бунарџик

Се намалува бројот на бесправно изградени објекти во Македонија

Објавено на 29.06.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во 2010 година бесправно се граделе 1.630 објекти, што претставува намалување во однос на 2009 година кога се регистрирани вкупно 1.818 нелегализирани објекти, соопштува Државниот завод за статистика. Чаир, Охрид, Штип, Аеродром, Карпош и Кисела вода се општините во кои има најмногу бесправно изградени објекти во текот на 2010 година.

 

Од 1.630 нелегални градби, 673 објекти се згради, 394 објекти се доградби, 269 се гаражи, 214 се огради, 65 се тераси и 15 се скалила. Статистика пресметала дека 1.589 бесправни градби се во приватна сопственост, односно 97,5% од целокупната бтојка. Во споредба со 2009 година, постои тренд на намалување на бројот на бесправно изградени објекти од речиси 200 дивоградби, а општините Куманово и Охрид во 2010 година најмногу придонеле за намалување на нелегалните градби.

 

Во меѓувреме, забрзано течат активностите околу легализацијата на бесправно изградените објекти низ сите општини во земјава. Интересот е различен од едно до друго населено место во однос на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, кој стапи на сила во март оваа година.  При донесувањето на законската легислатива, Министерството за транспорт и врски пресмета дека бројот на бесправно изградени објекти во земјава изнесува околу 310 илјади.

 

 

Бојан Блажевски