Претходна статија
Општина Гази Баба со делумно финансирање на реконструкција на покриви, фасади и лифтови
Следна статија
Хокеј игралиштето во СЦ „Борис Трајковски“ функционира без одобрение за градење

Се изготвува проект за реконструкција на автопатот Катланово – Петровец

Објавено на 23.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта деновиве го објави тендерот за избор на проектантска куќа што ќе ја подготви документацијата за реконструкција на делницата Катланово – Петровец, како составен дел од автопатот меѓу Скопје и Велес. Трасата со идниот проект ќе се доведе до ниво на стандарден автопат, при што ќе се рехабилитираат коловозните ленти. За изработка на проектната документација е проценето дека ќе се издвојат 8.000.000 денари, не вклучувајќи го ДДВ. За нејзина подготовка е предвидено да се одвојат 12 месеци, по што би следувал тендер за пронаоѓање изведувач на градежните работи. Според податоците од Бирото за јавни набавки, заинтересираните проектантски куќи ќе треба да ги достават своите понуди најдоцна до 10 мај.

 

 

Најавата за санација на автопатската делница од Катланово до Петровец доаѓа по завршувањето на реконструкцијата на трасата помеѓу Скопје и Велес во двата правца. Единствен сегмент што се наоѓа во лоша кондициона состојба е автопатот пред влезот во Скопје, на потегот помеѓу патарината во Петровец и Катлановска бања.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk