Претходна статија
Цело Скопје со „барокни“ сендвичарници
Следна статија
Околу 3.500 нови работни места во секторот одржливо градежништво до 2020 година

Се гради втора „Боемска улица“ во Дебар Маало

Објавено на 11.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Дебар Маало ќе добие уште една „Боемска улица“. По теркот на улицата Ѓорѓи Пешков која во 2014 година беше претворена во амбиентална пешачка зона, Општина центар започна со градежни работи за реализација на уште еден ваков проект. Втората „Боемска улица“ ќе се протега од улицата „Орце Николов“ до зад Градежниот факултет и според информациите што ги соопшти локалната власт, ќе има должина од 650 метри и површина од 4.000 метри квадратни. На овој сегмент ќе се воспостави посебен режим на сообраќај.

 

Планирана е изведба на нова атмосферска канализација, а површинските води и водата од олуците ќе се сливаат преку поцинкувани канали. Висечките кабли од кабловските оператори и од ЕВН ќе бидат поставени под земја. Проектот исто така опфаќа поставување на нова урбана опрема и уредување на ново зеленило, а постоечкото улично осветлување ќе биде збогатено со високо-квалитетни канделабри. Поплочувањето  на улицата ќе се изведе со гранитна коцка.

 

#Изведбата на првата „Боемска улица“, која прерасна во јавен простор со вкупна површина од 2.000 метри квадратни, опкружен со неколку локали и со ниски станбени објекти и куќи со дворови, се одвиваше во периодот од април до септември 2014 година. Со актелната надградба на проектот, преку втората „Боемска улица“, се создаваат услови овој дел од Дебар Маало да го носи името „Боемски кварт“, а проектот има и трета фаза –  предвидена е реконструкција на улицата Михаил Цоков (лоцирана покрај бараките на општинската администрација), која исто така ќе биде трансформирана во пешачка зона.