Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изврши увид во градежните работи за изградба на пристапни патишта и водовод во ТИРЗ Прилеп. Со проектот е предвидено да се изгради клучка на две нивоа која ќе овозможи брзо и безбедно вклучување и исклучување на магистралниот пат Прилеп – Битола. Вкупната должина на пристапните патишта до прилепската индустриска зона е 2,8 километри, а висината на оваа инвестиција е околу 4 милиони евра.
*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски
„Овој проект е од огромно значење за ТИРЗ Прилеп заради обезбедување на соодветни услови на сегашните и идни инвеститори во зоната, се со цел да им се овозможи брз и навремен транспорт на нивните производи“ изјави Сугарески. Градежните работи започнаа пред еден месец и истите е предвидено да се завршат во рок од 15 месеци. Изведувач е македонско – босански конзорциум составен од фирмите „Карпош АД“ од Скопје и „ХЕРИНГ ДД“ од Широки Брег.