Претходна статија
Конкурс за изработка на спомен обележје на загинатите војници во Првата светска војна на Солунскиот фронт
Следна статија
Град Скопје за в среда го најавува почетокот на изградбата на Јужниот булевар

Се гради инфраструктурата во поранешната касарна во Битола

Објавено на 20.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Пет улици во најразлични сектори од некогашната битолска касарна во моментов се градат, со што ќе се овозможи натамошен развој на новата населба „Златен рид“. Како што информираат од Општина Битола, со склучениот анекс на договорот во вредност од над 42,3 милиони денари, на терен се изведуваат пет улици во АРМ1 и АРМ2, кои треба да ги поврзат новите згради со улиците од градското подрачје. Вкупната должина на патната инфраструктура е 1.700 метри.

 

*Извор на фотографија: Општина Битола

 

Заедно со изведбата на овие улици, на терен се поставува атмосферска канализација во должина од 466 метри, цевки за водовод и канализација во должина од 1.333 метри и улично осветлување во должина од 1.700 метри. Некогашниот канал што ги одделуваше АРМ1 и АРМ2 е затворен, со што се остава можност за поврзување на овие два сегменти од некогашната касарна.

 

Битолската градоначалничка Наташа Петровска вели дека со зафатот се решава проблемот со недостиг на адекватна инфраструктура за развој на оваа населба во градот. „Го решаваме проблемот и на самите жители во објектите, кои уредно си платиле за вселување во станбените објекти и веќе живеат тука, а немаат соодветно инфраструктурно поврзување“ изјави градоначалничката Петровска.