Претходна статија
Во Маџир Маало ќе се вивнат станбени згради, булеварот Крушевска Република останува во игра
Следна статија
Обезбедени се средства за реконструкција на пругата Куманово - Бељаковце

Се гради фабрика за автобуси во Бунарџик

Објавено на 20.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Денеска во „Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 2“ кај Бунарџик започна изградба на фабрика за автобуси на белгиската компанија „Ван Хол“ (Van Hool). Се работи за инвестиција во висина од 20 милиони евра, која се очекува да отвори 400 до 500 нови работни места. Компанијата во зоната располага со земјиште со површина од 157.000 метри квадратни, а објектот ќе се протега на 36.900 метри квадратни, со годишен капацитет за производство на 400 автобуси. Производството ќе стартува во првиот квартал од 2013 година, при што првата нарачка од 400 автобуси за американскиот пазар е веќе обезбедена. Првите 50 автобуси од оваа нарачка треба да се извезат кон крајот на 2013 година.

 

„Ван Хол“ е семејна компанија за производство на автобуси и индустриски возила основана 1947 година. Во моментов фабриката во Белгија вработува 4.000 лица, а годишното производство изнесува околу 1.200 автобуси и 4.000 други возила. Остварува годишен обрт од над 450 милиони евра.