Претходна статија
Скопскиот аеродром ќе добие приклучок за гас
Следна статија
Ќе се обновуваат 250 фасади на објекти со културно - историско значење

Се готви уште една катна гаража во стилот на „Скопје 2014“

Објавено на 23.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новите предвидени објекти спроти Старата железничка станицаМинистерството за транспорт и врски распиша оглас за продажба на државно градежно земјиште во општина Центар, по пат на електронска лицитација. Парцелата е лоцирана спроти Старата железничка станица и го зафаќа постојниот паркинг пред „Автомакедонија“.  Наменета е за изградба на катна гаража со компатибилни класи на намена (комерцијална или деловна дејност, трговски единици и угостителски единици) кои можат да зафаќаат до 15% проценти од површината на објектот. Површината на парцелата изнесува 1.245 метри квадратни, почетната цена е 1.850 денари за метар квадратен, крајниот рок за пријавување за учество на електронското јавно наддавање е 31.05.2012, а истото ќе се одржи на 07.06.2012.

 

Учесниците на јавното наддавање треба да достават банкарска гаранција од 200.000 евра во денарска противвредност. Најповолниот понудувач е обврзан основниот проект да го изработи врз основа на изготвеното идејно решение за изгледот на катната гаража и тој треба да биде одобрен од Комисија формирана за таа потреба од страна на Министерот за транспорт и врски. Идејното решение е комбинација од три откупени конкурсни трудови.

 

Идејното решение за катната гаража кај „Автомакедонија“:

Визуелизација - Катна гаража кај АвтомакедонијаВизуелизација - Катна гаража кај АвтомакедонијаВизуелизација - Катна гаража кај АвтомакедонијаВизуелизација - Катна гаража кај Автомакедонија

 

 

 

Министерството денеска објави оглас за продажба на уште една парцела за катна гаража, лоцирана во строгиот центар на Скопје, веднаш зад објектот „Метропол“ [»мапа]. Нејзината површина изнесува 465 метри квадратни. Пријавите за учество можат да се достават до 31.05.2012, а јавното наддавање  ќе се оддржи на 07.06.2012 со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Учесниците и на ова наддавање треба да обезбедат банкарска гаранција од 200.000 евра.

 

Според новите решенија вцртани во Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“, сообраќајниот пристап до оваа гаража наместо преку подземна сервисна улица, ќе биде преку површинска улица која ќе поминува по кејот покрај Градскиот трговски центар.