Претходна статија
Нашите градежници ќе имаат помалку работа на странските пазари
Следна статија
1,2 милиони евра за изградба на три спортски сали во училиштата

Се гасифицираат нови делови од Струмица

Објавено на 15.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Струмица и јавното претпријатие „Струмица-гас“ работат на гасификација на нови делови од градот. Во завршна фаза е гасоводната мрежа што се прави на улиците „Димитар Влахов“, „Дојранска“, „Ѓуро Ѓаковиќ“ и „Гоце Делчев“ во должина од 500 метри. На овој дел од градот досега се пријавиле 11 субјекти за приклучување на гасоводната мрежа. Проектот за гасификација на Струмица може да се смета за успешен, ако се земе во предвид фактот дека во изминативе години се приклучени над 270 субјекти на гасоводната мрежа, вклучувајќи ги домовите на граѓаните, објектите од јавен карактер, угостителските објекти и други градби.

 

* Извор на фотографија: Општина Струмица

 

 

Од „Струмица-гас“ потенцираат дека во 2016 година е предвидено да се изгради гасоводна мрежа во должина од 16 километри, од кои 8,5 километри ќе бидат поставени во самиот град. За прв пат досега, со проектот за гасификација годинава е зацртано да се опфатат и околните населени места. Со ваквиот зафат ќе им се овозможи на земјоделците да го ползуваат гасот за загревање на оранжериите и на пластениците. До крајот на 2017 година, гасоводната мрежа во Струмица ќе има должина од 40 километри, со што ќе бидат опфатени сите главни зони во градот и во населените места Добрејци, Дабиле и Куклиш.