Претходна статија
Цените на становите во Скопје повторно одат нагоре
Следна статија
15 милиони евра за надградба на патот Велес - Кадрифаково

Се бара проект за нов фудбалски стадион во Битола

Објавено на 09.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Постојниот стар стадион под Тумбе КафеНов фудбалски стадион со капацитет од 12.000 гледачи се најавува дека ќе се гради под Тумбе Кафе во Битола. По неколкумесечно одложување на постапката, битолската локална самоуправа денеска објави оглас за подготовка на проектната документација за овој спортски објект. Во согласност со идејата на општинарите, во склоп на идното здание ќе бидат предвидени и останати придружни објекти. Фудбалскиот стадион е планирано да има две главни трибини со капацитет од по 4.000 гледачи и две помошни трибини што ќе можат да соберат по 2.000 гледачи. Проектирањето ќе мора да се изведе во согласност со стандардите на УЕФА, со цел во иднина на стадионот да можат да се одигруваат и меѓународни натпревари.

 

Сите заинтересирани проектантски бироа се должни да ги достават своите понуди до општина Битола најдоцна до 29 октомври, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Најповолниот понудувач ќе има 120 денови за изработка на проектната документација, по што би можеле да се објават и првите визуелизации за изгледот на новиот битолски стадион под Тумбе кафе.