Претходна статија
До крајот на годинава ќе биде готов трговскиот центар на „Тинекс“ во Прилеп
Следна статија
Пропусти при тендерот за изградба на Клиничкиот центар во Скопје?

Се бара проект за надградбата на Домот на културата „Глигор Прличев“ во Охрид

Објавено на 24.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за култура денеска го објави тендерот за избор на проектантска куќа што ќе го изготви основниот проект за реконструкција, адаптација, надградба и доградба на Домот на културата „Глигор Прличев“ во Охрид. Изработката на проектната документација за објектот во строгиот центар на градот е проценето дека ќе чини 20 милиони денари, без вклучен ДДВ. Надлежното министерство планира договорот да го реализира во рок од шест месеци. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди најдоцна до 8 мај. Основниот проект треба да се изработи врз основа на победничкото идејно решение, за кое беше распишан архитектонски Конкурс во февруари 2016 година.

 

 

Домот на културата „Глигор Прличев“ со претстојниот градежен зафат треба да добие поголема површина за одржување на разновидни културно-уметнички настани. Зданието ќе се прошири со простории наменети за Охридскиот театар, ќе се адаптира простор за кино сала и ќе се овозможи дополнителна површина за изложбениот салон. Проектот е планирано да се реализира по пат на јавно-приватно партнерство, така што во рамки на објектот треба да биде предвидена можноста за изведба на деловен простор како негова дополнителна содржина.