Претходна статија
Прво консултант, потоа нов тендер за воведување на трамвајот во Скопје
Следна статија
11 милиони евра за реконструкција и проширување на КПД „Идризово“

Се бара нов изведувач за довршување на зградата на „Водовод и канализација“

Објавено на 03.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Доградбата на новата административна зграда на „Водовод и канализација“ ќе паузира уште минимум еден и пол месец. По раскинувањето на договорот со австриската компанија „Алпине Бау“ и активирањето на банкарската гаранција, скопското јавно претпријатие денеска распиша тендер за изведување на градежни работи за довршување на сите фази од реализацијата на барокното здание покрај реката Вардар. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди за учество на тендерската постапка најдоцна до 18 октомври, за кога е закажано и јавното отворање на понудите. Идниот изведувач на проектот ќе добие временски период од 18 месеци за целосно завршување на новата управна зграда, со што за неколку месеци ќе се надмине првично поставениот рок – декември 2014 година.

 

Конечните трошоци за целосна изградба на овој објект ќе се знаат по изборот на најповолниот понудувач. Новата зграда на „Водовод и канализација“ е доведена на ниво на карабина, но градежните активности се прекинаа кон крајот на јуни годинава. Главната причина за застојот е банкротот на австриската „Алпине Бау“, која беше главен изведувач на проектот.