Претходна статија
И куќи ќе се градат во некогашната битолска касарна
Следна статија
Денови на Орис 2012

Се бара инвеститор за изградба на идното седиште на Oпштина Аеродром

Објавено на 06.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежно земјиште во Реонскиот центар Аеродром, на кое треба да се подигне идниот административен објект на Општина Аеродром. Се нудат две градежни парцели, на кои најповолниот понудувач треба да го изгради сопствениот проект, но и новата административна зграда на локалната самоуправа. Првата парцела е со површина од 4.259 метри квадратни со намена за изградба на комерцијални и деловни објекти и со почетна цена од 5.000 денари за метар квадратен. Заинтересираниот инвеститор е должен пред склучување на договорот за отуѓување на ова земјиште, да потпише договор со општина Аеродром за реализација на објектот со намена за јавни институции, кој е планирано да биде лоциран на соседната парцела, до идното здание за комерцијални и деловни намени.

 

 

 

 

Победникот на електронското јавно наддавање ќе биде ослободен од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објектот со комерцијални и деловни намени од страна на Град Скопје и општина Аеродром, на кои според законот им припаѓаат по 40 отсто од вкупната висина на надоместокот. Пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 1 ноември до Министерството за транспорт и врски, а електронската лицитација ќе се одржи на 8 ноември. Идниот објект со приземје и седум ката и максимална висина од 28 метри ќе се простира на површина од 19.120 метри квадратни. За остварување на зацртаниот проект, пред неколку месеци се распиша јавен повик за истата парцела, но тогаш не се јави ниту еден заинтересиран инвеститор.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект