Претходна статија
Со автобус патувале 15 пати повеќе патници од воз, со камиони се превезуваат 50 пати повеќе стока од воз
Следна статија
Ќе се дислоцираат „барокните“ галии од коритото на Вардар

Се бара архитектонско-урбанистички проект за нова градинка во Куманово

Објавено на 24.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Куманово распиша оглас за прибирање на понуди за изработка на архитектонско – урбанистички проект за изградба на нова детска градинка во населбата Бајрам Шабани. Новиот објект за сместување на децата од претшколска возраст ќе се гради на парцела со површина од 3.605 метри квадратни, при што развиената површина на идниот објект би изнесувала 2.200 метри квадратни. Идната градинка е предвидено да има приземје и кат, со што барем делумно би се решил проблемот со недостиг на места за сместување на деца во кумановските градинки.

 

„Предвиденото решение потребно е да ја дооформи сегашната намена на просторот – семејно домување во станбени куќи како и предвидените реални површини за основно образование и претшколска установа“ се наведува во објавената документација. Проценетата вредност на архитектонско – урбанистичкиот проект е околу 120.000 денари. Најниската цена е основниот критериум при доделувањето на договорот за изработка на проектната документација. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди до Општина Куманово најдоцна до 29 ноември.

 

Изработката на архитектонско – урбанистичкиот проект ќе треба да се реализира во рок од 20 денови од потпишувањето на договорот со најповолниот понудувач, при што самиот договор ќе има важност од една година.