Претходна статија
„Радиус Архитекти“ со прва награда на Конкурсот за изградба на катна гаража во Охрид
Следна статија
ЕЛЕМ ќе ја доврши својата палата со инфузија за мебел од 34,5 милиони денари

СДСМ подготви нов закон за заштита и зголемување на зеленилото во градовите

Објавено на 18.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има подготвено нов закон за заштита и зголемување на зелените површини во градовите. Претседателот на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски на денешната прес-конференција пред хотелот „Бристол“ во Скопје најави дека тоа ќе биде еден од првите закони што ќе бидат усвоени по формирањето на новото парламентарно мнозинство. Од СДСМ ја одбраа локацијата во центарот на Скопје како симболична порака дека нема да има повеќе згради во паркови и во зелени површини низ градовите.

 

 

„Површините планирани во Генерален урбанистички план и во Детален урбанистички план, со намена зеленило, спорт и рекреација нема да може да се пренаменуваат во што било друго. Во градежните парцели наменети за станбени куќи и станбени згради процентот на зеленило ќе го зголемиме од 30 проценти, на минимум 40 проценти. На сметка на тоа ќе биде намален процентот кој е предвиден за градење во парцела, од 70 проценти на максимум 60 проценти“ изјави Благој Бочварски. Од СДСМ посочија дека во Македонија досега се правеле урбанистички планови за бизнис интереси на криминалната власт на ВМРО-ДППМНЕ, без да се води грижа за хуманото живеење.