Претходна статија
2016 година - промашена за реализацијата на проекти од градежниците во странство
Следна статија
„Радиус Архитекти“ со прва награда на Конкурсот за изградба на катна гаража во Охрид

СДСМ: Новата градска власт ќе го сопре проектот „Скопје 2014“

Објавено на 16.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија планира да ја сопре изградбата на Панорамското тркало и изведбата на т.н. „барокни“ фасади на објектите низ центарот на Скопје. Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, денеска најави дека новата градска власт ќе ја сопре изградбата и на сите други пропратни објекти кои се дел од проектот „Скопје 2014“. „Коце Трајановски немаше пари за мерки за намалување на загадувањето, подземна сообраќајница во центарот на градот, проекти за енергетска ефикасност, ниту пак за нови мостови и главни сообраќајници“ истакна Дамјан Манчевски.

 

 

Од СДСМ велат дека со доаѓањето на новата власт на претстојните локални избори ќе дојде до промена на приоритетите зацртани од Градот Скопје. „Парите на граѓаните на Скопје ќе се пренасочат на мерки за намалување на загаденоста, за повеќе паркови и зелени површини, за нови средни училишта, за нови мостови, за нови сообраќајници, за нови проекти кои се од најголемо значење за граѓаните на Скопје“ рече Манчевски.

 

На денешната седница на Градот Скопје се разгледа извештајот за извршување на буџетот од минатата година. Како што наведе градоначалникот Коце Трајановски, градската администрација лани успеала да собере 80 милиони евра, односно да реализира 74% од зацртаниот буџет за 2016 година.