На скопскиот централен плоштад пристигна уште еден споменик, дел од проектот „Скопје 2014“. Пет-метарска мермерна статуа на Цар Самоил, претставен како седи на трон, денеска беше поставена на постамент висок 3,5 метри, на просторот пред зградата „Пелистер“. Монтирањето на релјефите сеуште не е започнато.
Изработката на споменикот се одвиваше во галеријата „Пиетро Базанти е Фиљо“, а делумно и во леарницата „Фердинандо Маринели“, обете од Италија. Вкупниот цех изнесува нешто над 1,5 милиони евра, од кои 113 илјади евра му се исплатени на авторот, Димитар Филиповски. Димитар Филиповски е автор и на споменикот на Ченто, како и скулптурите „Шмизла“, „Заљубени“ и „Еј“.