Претходна статија
5,8 милиони евра за одржување на главните патишта низ земјава
Следна статија
Тргни-застани со реновирањето на Музејот за изработка на оружје за време на НОВ

Самит 100 во Скопје: Балканот треба инфраструктурно да се поврзе

Објавено на 16.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Балканските претприемачи од Скопје побараа од нивните политички елити да ја следат визијата за подобрување на инфраструктурата и меѓусебната поврзаност на Балканот. На Самитот 100 се промовираше платформата „Едисон“, со која се предвидува изградба на зелен коридор од Љубљана до Скопје и до Тирана во должина од 1.400 километри. Со овој проект на главните патишта во регионот би се инсталирале полначи за електрични автомобили, би се вовел заедничкиот превоз на повеќе лица со едно возило, еколошкото такси возила и други иновативни решенија.

 

 

„Едисон“ веќе здружува повеќе од 50 компании, институти и универзитети во Словенија за овој проект. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев посочи дека зелената мобилност е добра идеја, но најпрво ќе мора да се изгради соодветна инфраструктура. Тој ја спомена несоодветната поврзаност на Скопје со соседните Тирана и Софија, до кои денеска се патува и над пет часа.

 

Во рамките на тековниот настан, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се сретна со еврокомесарката за транспорт Виолета Булц. Првиот човек на ова министерство ги истакна тековните активности околу изградбата на железничкото поврзување со Бугарија и довршувањето на реконструкцијата на пругата Битола-Кременица од Коридорот 10д. Еврокомесарката Булц посочи дека не е возможно да се развива заедничка економска средина на Западниот Балкан без соодветно транспортно поврзување. Таа ги поздрави напорите за вклучување на железницата како клучен приоритет за владата.