Претходна статија
450 илјади евра за реконструкцијата на седум училишта во земјава
Следна статија
Новата градинка во Капиштец доведена на ниво на карабина

Руски „Солвеј“ доби зелено светло за изградба на рудник во Пехчево

Објавено на 01.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за економија и „Кадиица метал“, фирма – ќерка на руската компанија „Солвеј“ го потпишаа договорот за концесија на рудното богатство во локалитетот Кадиица кај Пехчево. По двегодишна пауза во истражувачките активности, во претстојниот период ќе продолжи истражувањето на рудното богатство на Кадиица. Иако не е објавен конкретен рок, русите најавуваат дека наскоро ќе почне и експлоатацијата на металите, со што се овозможува вработување на 300 лица од Пехчево и од околните населени места. Планирано е рудата да се експлоатира преку надворешен коп, по принципот што веќе функционира во рудникот „Бучим“.

 

* Рудникот „Бучим“ во близина на Радовиш; Фото: Архива на „Билд“

 

 

Покрај истражувачкиот дел, во претстојниот период ќе се набави и неопходната опрема за извршување на активностите во рудникот. Проценките се дека отворањето на рудникот би се реализирало во период од две години, со што рускиот инвеститор би можел годишно да произведува 5.000 тони катоден бакар. Од фирмата – инвеститор пројавуваат интерес за изградба на фабрика за производство на катоден бакар, за која наведуваат дека ќе се изведе во согласност со сите еколошки стандарди.

 

Руската компанија „Солвеј“ во моментов управува со рудниците „Саса“ од Македонска Каменица и „Бучим“ од Радовиш. Истражувањето на рудните наоѓалишта кај Кадиица започна пред пет години.