ЗА AUTODESK® ROBOTTM STRUCTURAL ANALYSIS
Autodesk® RobotTM Structural Analysis е софтвер што овозможува решенија за анализа на многу типови конструкции, вклучувајќи згради, мостови, инженерски и специјални конструкции, карактеристични за одредена земја и му обезбедува на конструктивниот инженер алатки за пресметување.
Autodesk Robot Structural Analysis пресметува мноштво различни конструкции со помош на детална збирка прописи за проектирање, дава резултати за кои се чека само неколку минути, а не часови. Овој софтвер за анализа на конструкциите е доволно сестран почнувајќи од анализа на едноставни рамовски системи, па се до сложени пресметковни модели и нуди непрекината взаемна врска со придружните производи на Autodesk, како и отворен интерфејс за програмирање апликации (API). Софтверот Autodesk® RobotTM Structural Analysis им овозможува на конструктерите супериорна меѓусебна работа којашто ја подобрува нивната соработка со архитектите и инженерите од останатите дисциплини, а со тоа го унапредува работниот процес над проектите.
Со опфаќање на BIM моделирањето, Autodesk Robot Structural Analysis пружа позната работна околина со богата 3D соработка и двонасочни врски со Revit® Structure, AutoCAD® Structural Detailing и Revit® Extensions со што се помага во поедноставување на комуникацијата и соработката за времетраење на сите проектни фази, а со тоа се заштедува време и се намалуваат можностите за грешки.
КАРАКТЕРИСТИКИ
Главните карактеристики на Autodesk® RobotTM Structural Analysis вклучуваат напредни методи за автоматско формирање на мрежата конечни елементи и напредни методи за моделирање, брзи машини за решавање на динамички проблеми, како и интегрирани модули за димензионирање на армирано-бетонски и челични конструкции.
Непрекинати двонасочни врски со Revit Structure
Непрекинато увезувај и извезувај пресметковни модели помеѓу Autodesk® Robot™ Structural Analysis Professional и Revit® Structure програмот со Revit® Extensions за Revit Structure алатката за интегрирана анализа. Двонасочното поврзување овозможува прецизна анализа на конструкцијата и ажурирање на резултатите низ целиот BIM модел за координирано формирање проектна документација.
Конструктивен Екосистем за анализа, димензионирање, документација и производство
Формирај пресметковен модел и изврши анализа на конструкцијата внатре во Autodesk Robot Structural Analysis Professional и непречено пренеси го моделот и резултатите во софтверот AutoCAD® Structural Detailing за да формираш работилнички цртежи. Во склоп на овој екосистем на софтвер за анализа на конструкции, конструкторот може да ја искористи предноста на интегрираниот работен процес, од проектирање, анализа, па се до производство.
Напредни можности за автоматско формирање на мрежа и моделирање
Моќните методи за формирање на мрежата конечни елементи му овозможува на конструкторот работа без голем труд дури и со насјсложени модели. Природната можност за автоматско формирање на мрежата и мануелно дефинирање на параметрите за мрежата може независно да се дефинираат за секој панел. Оваа можност дава моќ за формирање високо квалитетни мрежи конечни елементи.
Локализација за глобални пазари
Autodesk Robot Structural Analysis Professional поддржува повеќе меѓународни тимови да користат различни јазици за работа, како Англиски, Француски, Романски, Шпански, Холандски, Руски, Полски, Кинески и Јапонски. Анализата може да се спроведе со користење на еден јазик, додека резултатите може да се печатат на друг јазик. Во комбинација со пресметковниот модел може да се користи метричкиот и империјалниот систем на единици.
Широк спектар можности за анализа
Истражете го линеарното или вистинското нелинеарно однесување на било која конструкција. Софтверот овозможува едноставна и ефективна анализа на голем број типови нелинеарност, како P-delta анализа; затегнати/притиснати елементи и лежишта, кабли и пластични зглобови.
Интегрирано решение за димензионирање на армирано-бетонски и челични конструкции
Autodesk Robot Structural Analysis Professional содржи интегрирани модули за димензионирање на армирано-бетонски и челични конструкции со повеќе од 40 меѓународни прописи за димензионирање на челични и 30 прописи за димензионирање на армирано-бетонски конструкции. Со тоа се поедноставува процесот на проектирање и се помага со избор и констрола на конструктивните елементи.
Опширен излез на резултати од анализа
Autodesk Robot Structural Analysis овозможува флексибилности при добивањето на резултати од анализата. Прегледајте ги резултатите во визуелна форма или како сирови податоци во различен тип на излезни резултати, како:
– Табеларни, што овозможува лесни сортирање и филтрирање
– Дијаграми на линиски елементи
– Пресеци низ површински елементи
– Илустрирани мапи во боја
– Напрегања за целата конструкција во греди или столбови
– Илустрирани напрегања во одбрана насока прикажани за површински или солид модели
Документите може да се презентираат во форматот на Microsoft® Word® или како HTML документ. Содржината на табелите може да се зачува во формат на датотека за Microsoft® Excel®.
ВЕРЗИИ
Решенијата на Autodesk за анализа на конструкциите ги вклучуваат софтверските програми Autodesk® RobotTM Structural Analysis Professional и Autodesk® RobotTM Structural Analysis со кои се овозможува анализа на најсложените типови конструкции.
ПРИДРУЖНИ ПРОГРАМИ
AutoCAD
Направете ја Вашата секојдневна работа ефикасна со AutoCAD® софтверот. Прецизно усовршена програма која што го става корисникот на прво место, AutoCAD го движи цртањето напред со својства кои што помагаат да се зголеми брзината и прецизноста, а во исто време штеди и на време.
Revit Structure
Revit® Structure ги интегрира повеќематеријалниот физички и аналитички модел, со што овозможува едновремено моделирање на конструкцијата што придонесува кон ефикасна и прецизна документација, анализа и димензионирање на еден објект.
AutoCAD Structural Detailing
AutoCAD® Structural Detailing е моќно решение базирано на AutoCAD за брзо и ефикасно цртање и формирање на работилнички детали за армирано-бетонски и челични конструкции.
СИСТЕМСКИ ПОБАРУВАЊА
– Intel® Pentium® 4 3 GHz или еквивалентен AMD Athlon процесор или Intel Core 2 Duo 2.40-GHz или еквивалентен AMD Athlon процесор (препорачано)
– Microsoft® Windows® XP Professional (SP2) (препорачано) или Microsoft® Windows Vista® 32-bit (Business)
– 1 GB RAM, 3 GB се препорачани
– 1,024 x 768 монитор и графичка картичка способна за прикажување 24-bit color (1,280 x 1,024 препорачан монитор)
– 5 GB слободен простор на тврдиот диск, 10 GB се препорачани
– Microsoft Mouse-согласен покажувач
– Инсталација од DVD
Контакт:
Сергеј Чурилов
Градежен факултет-Скопје
+389 75 328-717
+389 2 3116-066 лок. 110
www.robotmk.com
curilov@gf.ukim.edu.mk