Претходна статија
АНАЛИЗА: Македонија да каже „НЕ“ на проектот „Турски поток“
Следна статија
Хотел „Ибис“ подготвен да ги прими посетителите на Скопје

Решение за хигиенски и трајно сигурен водоводен систем во вашиот дом

Објавено на 28.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Неретко ни се случува да почувствуваме лош мирис на водата од славина во нашиот дом. Секогаш се жалиме дека водата не е квалитетна… итн итн. Но, Македонија е една од ретките земји во светот која природно има чиста вода за пиење, што би можело да го предизвикува тој лош вкус и мирис на водата?

 

Неретко ни се случува да се вселиме во нов дом, каде се е ново, па и водоводната инсталација, а по неполн месец да протече некој спој на водоводните цевки. Но, домот има нова инсталација, нови цевки, зашто пропушта вода?

 

Неретко ни се случува да ја пуштиме славината до крај, а водата која ќе протече да не е во очекуван млаз и колична “за до крај” одвртена славина. Секако, тогаш се жалиме дека нема притисок иако вода има ! Но, зашто низ славината тече помалку вода?

 

Сигурно сте се запрашале каде е проблемот и дали има решение.

 

Благодарение на своето Know-how, докажано со децении, фирмата РЕХАУ во својата лабораторија го разви висококвалитетниот систем за водоводни инсталации РАУТИТАН, кој нуди хигиена, безбедност и сигурност. Систем кој веќе денес ги исполнува нормите за хигиена и сигурност, кои ќе дојдат во иднина.

 

 

 

Хигиената на водата за пиење, а поради тоа и изборот на материјали низ кои таа ќе тече од секогаш се една од главните теми во РЕХАУ. Водата за пиење за нас има бесценета вредност. Водата е чиста и погодна за конзумирање, само ако не содржи микроорганизми, материи од било кој вид, и мирис попримен од материјалот на цевката низ кој минува водата во број и концентрација кои претставувааат потенцијална опасност по здравјето на луѓето. РАУТИТАН цевките се изработени од материјал со висок капацитет, PE-Xa. Додека делот „PE-Х“ е универзална ознака за цевки од вмрежен полиетилен, она што Рехау го прави различен од останатите е малата буква „а“ на крајот од ознаката (PE-Xa), што означува највисока класа на вмрежениот полиетилен. Колку за илустрација, станува збор за подобрена форма на полиетиленот, која веќе долго време се грижи на пример млекото во тетратпак да остане свежо, неутрално по вкус и да може хигиенски чисто да се транспортира и пакува. Водоводната цевка произведена од PE-Xa не е подложна на создавање на бигор и корозија и ја задржува чистотата на водата. Таа е отпорни на најагресивните видови на вода и со тоа обезбедува трајност на водоводна инсталација во домот, без ризик за нагризување на цевките.

 

 

 

Квалитет

 

Покрај висококвалитетните цевки од PE-Xa, важен придонес за сигурност на системот РАУТИТАН дава и докажаната РЕХАУ техника за поврзување со подвижни навлаки. Овој едноставен, а притоа генијален принцип овозможува брза и истовремено сигурна инсталација на лице место. И не само тоа. Системот ќе биде нов и кога ќе застари. Не постои опасност дека некаде ќе “протече’’. РАУТИТАН е систем – инсталација која држи цел живот. Со цел, оваа сигурност да ви се пружи вам и на вашиот инсталатер, кај РЕХАУ секој поединечен производ подлежи на строга контрола на квалитетот – од најмалиот до најголемиот дел. Од таа причина повеќе од милијарда компоненти ги поминале овие строги испитувања.

 

 

Економичност

 

Издржлив систем е и економичен систем. РАУТИТАН не само што се поставува лесно, брзо и сигурно туку и се исплати со оглед на неговата трајност. Заштедете на непотребни трошоци за санација, избегнете нервози и потпрете се на сигурноста на РАУТИТАН.

 

 

Добар проток

 

Еднаш поставена во ѕидот, водоводната инсталација покриена со малтер и керамички плочки, исчезнува од нашиот видик. Но, заедно со неа исчезнуваат и местата на спојување кои се најризичните точки на секојa водоводна инсталација. Затоа треба на време да избереме вистински квалитетен систем. Во спротивно ни преостанува само да се надеваме дека споевите нема да протечат и дека на сите славини ќе добиеме неопходно ниво на проток. Префинетата РЕХАУ техника на спојување со подвижна навлака покрај тоа што обезбедува трајно заптивање (дихтување) на споевите, истовремено гарантира и целосно избегнување на ризикот од стеснувањето на цевката во областа на спојот. Доволно е само да се примени оригиналниот Рехау алат. Како резултат на тоа низ спојните елементи се задржува речиси непречен проток ист како и низ цевките со што на излез од славините се добива очекуваниот номинален проток. Истовремено, отсуството на несакани „стеснувања“ допринесува и за избегнување на дополнителни локални отпори во инсталацијата. На таков начин се остварува и помала потрошувачка на енергија потребна за работа за циркулационите пумпи или со други зборови зголемена енергетска ефикасност. РАУТИТАН спојни елементи – слободен пат за енергетска ефикасност.

 

 

 

Штедење со изолација

 

Доколку водоводните цевки не се изолирани или се лошо изолирани, цевките за ладна и топла вода дури и минуваат непосредно едни покрај други, водата може и при краток застој да се олади или загрее, а со тоа да се насоберат и микроорганизми. Тука лек е правилната изолација, која освен тоа осетно ја намалува потрошувачката на енергија за затоплување на топлата вода. Цевките РАУТИТАН, зависно од барањата, се достапни и со фабрички нанесена изолација и на тој начин помагаат во заштедата на трошоци и обезбедувањето на хигиената.

 

 

Награда

 

За високиот квалитет и функционалност на системот РАУТИТАН, РЕХАУ беше одликуван со наградата Плус Икс (Plus-X Award). Стручното жири го призна беспрекорниот квалитет и сигурност на системот, како и неговиот постојан развој.

 

 

Авторизирани партнери

 

Сакате да се потпрете на сигурниот и издржливиот систем РАУТИТАН, а со тоа да обезбедите хигиена и комфор? Во тој случај веднаш треба да стапите во контакт со нашите авторизирани партнери, кои имаат добиено соодветна обука, сертификат и алат за монтажа. РАУТИТАН е систем и за денес и за утре, бидејќи не само што веќе сега ги исполнува хигиенските стандарди на иднината, туку нуди и сигурност од непријатни изненадувања. Со очекуван век на траење од повеќе од 50 години една инсталација за вода за пиење со РАУТИТАН е вистинска инвестиција за иднината.

 

 

Најдобар материјал за најдобра вода за пиење www.rehau.com.mk/rautitan