Претходна статија
Архитектонска работилница на кејот на Вардар
Следна статија
ЈСП од 1 август воведува електронска наплата на билети

РЕПОРТАЖА: Изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица се ближи кон финишот

Објавено на 13.07.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изградбата на новиот автопат Демир Капија – Смоквица се одвива веќе четврта година. Екипа на Билд го посети огромното градилиште, за да се увериме во моменталната состојба на реализација на еден од најголемите градителски проекти во Македонија. Гостопримливите домаќини од грчката компанија „Актор“ не одведоа на едно мало патување долж целата делница долга 28,2 километри, на која работници од Грција и Македонија ги изведуваат градежните работи.

Домаќинот на оваа репортажа, искусен инженер кој досега работел на три различни континенти, не уверува дека сите напори на изведувачот се сконцентрирани на испочитување на крајниот рок за завршување на проектот – септември 2016 година. Досега се комплетирани околу 65% од активностите поврзани со изградбата на автопатот. Периодов најмногу се работи на изведбата на тунелите и мостовите, а допрва треба да започне асфалтирањето на дел од веќе пробиената и тампонирана траса од страната на Смоквица. Идниот автопат ќе се состои од по две ленти во секој правец, широки по 3,5 метри, како и помошни ленти за застанување, кои ќе бидат изоставени во тунелите и на мостовите.

Уште на самиот почеток нашите погледи шетаат во правец кон двата импресивни двоцевни тунели, кои длабоко навлегуваат во карпите на клисурата и за чие пробивање се спроведени околу 4.000 минирања. Изминативе години се завршија околу 75% од севкупните работи, а она што останува допрва да се изведе е поставувањето на тампон и асфалт на коловозот, како и монтирањето на опремата. За прв пат во Македонија ќе се изведат контролни соби со генератор, компјутери и камери за следење на сообраќајот (по две крај секој тунел). Десетици камери ќе бидат под будното око на вработените лица во централната контролна соба, која е предвидено да се лоцира во Неготино.

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

Тунелите, обата со должина од по 1,2 километри ќе бидат комплетно осветлени. Планирана е природна вентилација, освен во случај на пожар, кога би се активирал систем за одведување на чад и топлина. Цевките на тунелите се меѓусебно поврзани со по два премини кои овозможуваат полесна евакуација на затечените лица доколку за тоа се јави потреба. Вертикалната и хоризонталната сигнализација ќе ги задоволува најстрогите европски критериуми за безбедност.

Движејќи се со автомобилот по вжештениот асфалт на стариот пат, инженерот од грчки „Актор“ со гордост ни вели дека изградбата на автопатската делница е нивно лично градителско дело. Скопски „Гранит“ бил ангажиран како единствен подизведувач на мал дел од автопатот – на асфалтирање на два километри од трасата, што воедно е и единствениот асфалтиран сегмент засега. Покрај работници и едуциран кадар кои доаѓаат од нашиот јужен сосед, „Актор“ во моментов вработува помеѓу 550 и 600 македонски граѓани. Тешкиот терен и исклучително сложената изведба на автопатот досега не довеле до загуба на ниту еден човечки живот, за што удел има и големото искуство на оваа грчка фирма во изведбата на ваков тип инфраструктурни проекти.

Главен предизвик за оперативата во претстојниот период е довршувањето на планираните шест мостови, од кои два ја премостуваат реката Вардар (од двете страни на тунелот Т1, недалеку од Демир Капија). Најдолг е мостот Б5 со должина од точно 500 метри, а истиот го има и најголемиот поединечен распон помеѓу два столба – 150 метри. Со импресивна висина од 90 метри, највисок е мостот Б4. Вкупната должина на сите мостови долж автопатот изнесува околу 2 километри. Четири од мостовите (Б2, Б3, Б4 и Б5) се конзолни, а  два (Б1 и Б6) се изведуваат со греди од пренапрегнат армиран бетон. Иако не се помеѓу рекордерите во должина и висина, најсложени за реализација биле мостовите преку Вардар (Б1 и Б2), заради изведбата на темелите во водите на оваа река, потенцираат нашите домаќини.

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

Проектот вклучува изведба и на две клучки, пет надвозници, седум подвозници, едно големо стојалиште, неколку насипи, засеци и потпорни ѕидови, како и преку 120 пропусти. Новоизградените две клучки се наоѓаат кај селата Смоквица и Миравци и се од типот „труба“. Следејќи ја досегашната реализација на автопатот, од грчки „Актор“ посочуваат дека сумата од 210 милиони евра, предвидена со договорот за изведување на градежните работи, е доволна за комплетирање на нивните обврски – неочекувани трошоци досега не се јавиле. За надзорот е задолжен конзорциум составен од француската „Egis International“ и италијанската „IRD Engineering“, за чии услуги се обезбедени дополнителни 9 милиони евра.

Ближејќи се кон крајот на нашето патување долж автопатската делница, треба да споменеме уште неколку интересни податоци. Еден од нив е и должината на изведените помошни патиштата што водат до локациите на кои се одвиваат градежните работи. Во моментов се користат пристапни патишта во должина од 10 километри. На самиот почеток од проектот, пристапните патишта беа долги повеќе од 30 километри. Нивната изведба, како и сите останати сегменти од автопатот, е дело на стотици работници чиј моментален дом се наоѓа во срцето на Демиркаписката клисура – два специјални кампа на „Актор“ им обезбедуваат гориво, храна, легла и канцелариски простор за работа.

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

АВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - СмоквицаАВТОПАТ Демир Капија - Смоквица

Големото градилиште го напуштаме во доцните попладневни часови. Карпестиот предел на Демир Капија не повикува на некоја идна повторна средба. Воздишките од неговата убавина ќе ги црпиме разгледувајќи ја околината на новиот модерен автопат што се протега низ живописната клисура.

» Форумска дискусија за овој проект