Претходна статија
Штип ќе добие проект за дистрибутивна гасоводна мрежа
Следна статија
Помал број на превезени патници со автобуси кон крајот на 2017 година

Реконструкцијата на улица „Александар Урдаревски“ во Бутел ќе чека подобри времиња

Објавено на 19.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Градот Скопје го поништи тендерот за избор на изведувач за реконструкцијата на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел. Санацијата на главната сообраќајница што ги поврзува селата од Скопска Црна Гора ќе чека подобри времиња. „Поради непредвидени и објективни околности, се промениле потребите на договорниот орган“ гласи образложението објавено на веб – страницата на Бирото за јавни набавки. Тендерот за реализација на овој градежен зафат беше објавен во октомври 2017 година.

 

 

Санацијата на улицата „Александар Урдаревски“ требаше да се изведе на потегот што е во рамки на границите на Генералниот урбанистички план за Скопје, почнувајќи од течението на реката Серава. Оваа сообраќајница во моментов се наоѓа во многу лоша состојба, иако таа ги опслужува и градските гробишта „Бутел“. На местото на постојната коцка на коловозот, со претстојниот зафат треба да се постави нов асфалтен слој. Проектната документација за одложената санација беше изготвена од „Еуро Роад Дизајн Груп“ од Скопје.