Претходна статија
Инвеститорите покажаа голем интерес за индустриската зона „Металец“ во Прилеп
Следна статија
НАТО ветува реконструкција на 13 мостови, а заборави на автопатот Велес - Скопје

Реконструкцијата на автопатот Катланово – Велес ќе заврши до крајот на годинава

Објавено на 17.04.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Гранит“ досега целосно реконструираше 4,5 километри од автопатската делница Катланово – Велес, а работите на терен е планирано да се комплетираат до крајот на 2012 година. Во моментов се врши обемна санација на дотраената патна инфраструктура. „Со проектната документација предвидено е да се изведат следниве градежни активности: гребење на постојниот асфалт и поставување на нови асфалтни слоеви во должина од 27,6 километри, изработка на комплет нови банкини по должина на делницата, изработка на риголи, промена на поголем дел од старите со нови ивичњаци, санацијата на три насипи кои се слегнати, санација на десет усеци кои се нестабилни и предизвикуваат одрони на патот, промена на системот за осветлување на тунелот и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација“, објаснуваат за „Билд“ од Агенцијата за државни патишта.

 

 

 

 

Во август минатата година започна реконструкцијата на делницата од Катланово до Велес на автопатот М-1, инвестиција вредна 7,2 милиони евра. Во претстојните месеци ќе продолжи привремениот сообраќаен режим, така што во одредени денови ќе има целосен застој на сообраќајот од 2-3 часа поради потреба од минирање. На постоечката обнова на автопатот и претходеше санација и затегнување на мостовите долж целиот правец, проект финансиран од страна на НАТО. Државните институции засега немаат информации кога би започнала реконструкцијата на делницата од Велес до Скопје, која треба да се комплетира со инвестиција од НАТО алијансата. Овој дел од автопатот М-1 е еден од најпрометните патишта во Македонија, на кој просечно минуваат по 9.000 возила дневно.

 

» Форумска дискусија за овој проект