Претходна статија
Градежниците со значително помалку работа на странските пазари
Следна статија
„Незнаен јунак“ ќе ја гради катната гаража кај НИП „Нова Македонија“

Реконструкција на 10 улици и атмосферска канализација во Карпош

Објавено на 18.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска го означија почетокот на реконструкцијата на улицата „Прашка“ во населбата Тафталиџе 1. Предвидено е да се реконструира целата улица во должина од 1.015 метри, за што се обезбедени 15 милиони денари. Зафатот опфаќа реконструкција на атмосферската канализација, рабниците, тротоарите, коловозот и на уличното осветлување и е дел од поширокиот проект за санација на 10 улици и на атмосферската канализација на територијата на општина Карпош.

 

* Извор на фотографија: општина Карпош

 

Од кредитот на Светска банка за инфраструктурниот проект се префрлени средства во висина од 35 милиони денари. Локалната самоуправа ќе ја реконструира атмосферската канализација на улиците Анкарска, Струшка, Алжирска, Багдатска, Борка Талески, Влае, Франц Прешерн и Корушка. Градоначалникот Стевчо Јакимовски истакна дека со најавениот зафат ќе се стават целосно под контрола атмосферските води во овие делови од општина Карпош. Рокот за изведба е шест месеци. Со претстојните градежни работи ќе се решат проблемите на жителите кои живееја на улици без атмосферска канализација и истовремено ќе се санираат дел од улиците што не се реконструирани повеќе од 40 години.