Претходна статија
Се проширува улица Белградска
Следна статија
Се надградува Музејот на вода кај Градиште

Реконструкција и проширување на улица Волково

Објавено на 18.08.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ работат на реконструкција на улицата Волково, на потегот од железничкиот премин до центарот на населбата Волково, во должина од 1,5 километар. Покрај комплетната реконструкција на коловозот, сообраќајницата ќе биде проширена по целата должина за дополнителен 1,5 метар. Град Скопје за реализација на овој проект издвои 17 милиони денари, а работите се очекува да завршат до крајот на месецов. Улицата е главна сообраќајна врска на Волково и околните места со главниот град.