Претходна статија
Се нудат парцели за изградба на винарии во Дебарца
Следна статија
До крајот на годинава Штип ќе добие мултимедијален центар

Реконструирана и надградена битолската универзитетска библиотека

Објавено на 23.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска го пуштија во употреба реконструираниоѕ и надграден објект на универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола. Со финансиски средства во висина од над 30,5 милиони денари обезбедени од Министерството за култура, реализирана е надградбата, како и реставрацијата на фасадата на стариот дел од објектот.

 

 

 

Битолската библиотека со овој зафат се стекна со површина од 500 метри квадратни, простории кои се наменети за читални, оддели за преслушување на музички изданија, како и дел за одржување на семинари, трибини и други манифестации. Со заокружувањето на проектот, се очекува драстично подобрување на условите за студирање на битолските студенти, но и на сите граѓани кои ја посетуваат универзитетската библиотека.