По минатогодишното успешно прво издание на саемот за недвижности во Скопје, „RealEx Skopje“ и саемот за градежништво и недвижности во Тирана, „RealEx Tirana“, оваа година истиот ќе се одржи и во Приштина, во периодот од 1 до 3 март. Во истовреме со „RealEx Prishtina“ ќе се одвива и дводневна конференција со богата програма. На првиот ден, 1 март 2012, форумот ќе биде на темата „Инвестиции на пазарот за недвижности“, каде како говорници ќе се појават: Dr. Khalid Al-Tawil, главен Советник на Принцот Mohammad Ben Naif, Министер за внатрешни работи на Кралството Саудиска Арабија, г-дин Xavier Pinchart, менаџер и основач на Фортон МКА, г-динот Nebih Zariqi, претседател на Асоцијацијата за градежништво на Косово и бројни претставници од комерцијалните изложувачи. На вториот ден, 2 март 2012, форумот ќе се фокусира на темата „Архитектура и урбано планирање“, каде присутните ќе имаат чест да го слушнат предавањето на главниот говорник: г-дин Luan Deda, градски планер од Scott Brownrigg, Велика Британија.
Дел од проектите застапени на „RealEx Prishtina 2012“:
Во периодот од 6 до 10 март, паралелно со Саемот за градежништво, „RealEx“ ќе го доживее и своето второ издание во Скопје. „RealEx“ претставува платформа за обединување на сите регионални пазари во индустријата за недвижности. Настанот е организиран од страна на „Леорон“, компанија за организирање бизнис настани, со седиште во Дубаи.