Претходна статија
Реконструкција и надградба на руинираното игралиште во Ново Лисиче
Следна статија
Студија за подземни пешачки премини во Скопје

REAL EX за прв пат во Скопје и во Тирана, во организација на групацијата Леорон од Дубаи

Објавено на 20.01.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Леорон Груп од Дубаи организира специјална елитна бизнис платформа на која своите проекти, идеи, интереси, средства, знаење и услуги ќе ги вкрстат главните играчи на пазарот на развој на недвижностите и инвестициите во регионот и пошироко, претставувајќи им ги на широк спектар на потенцијални купувачи и инвеститотри. Платформата се состои од Саем на недвижности и инвестиции, на кој ќе се претстават бројни проекти, како и од Конференција за развојот на инвестициите во секторот на недвижностите, каде своите искуства ќе ги претстват десетици експерти во оваа област.


Според организаторите од Леорон, оние што не чекаат кризата сама да помине знаат дека градежниот сектор долгорочно секогаш се движи по нагорна линија, а инвестициите во недвижностите, особено во регионот на југоисточна Европа имаат значителен поврат. Токму затоа тие решија да учествуваат на бизнис платформата и своите проекти и недвижности да ги промовираат пред голем број на потенцијални купувачи, со што значително го скратуваат циклусот на враќање на инвестициите, ја зголемуваат директната продажба, како и можностите за продажба. Платформата нуди неповторлива прилика за средби и контакти со лидерите на пазарот на недвижности во регионот, како и со голем број клиенти, партнери и потенцијални инвеститори, велат од Леорон.


REAL EX Скопје 2011 ќе се одржи во Метрополис Арена на Скопски Саем паралелно со Саемот за градежнштво од 1 до 5-ти Март 2011, а REAL EX Тирана 2011, од 7 до 10 Март, во Конгресниот дом во Тирана.