Засношти во хотелот Александар Палас, втора година по ред, беше одржана свечена церемонија на доделување награди за најуспешните учесници на Саемот за недвижности „RealEx“. За најдобар дизајн на годината беше избран проектот „Комплекс Алумина“ на „Трим и Лум“. Годишното признание за проект од јавно значење и припадна на фирмата „Модинг“, за Државниот универзитет во Тетово. Наградата за комерцијален проект на годината ја доби „Парк Резиденс“, додека наградата за резиденцијален проект на годината и беше доделена на фирмата „Настел“ за комплексот „Лисиче“. За најдобар проект на годината беа прогласени висококатниците и трговскиот центар кои треба да ги гради турскиот холдинг „Џеваир“ во општината Аеродром. Главната награда, односно признанието за инвеститор на годината, отиде во рацете на градежната компанија „Адора Инженеринг“.