Претходна статија
Општина Чаир догодина ќе користи електрични возила
Следна статија
Гостивар доби филтер станица за вода

Се подготвува реконтрукција на главната улица во Сарај

Објавено на 30.12.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје денеска го распиша тендерот за избор на градежна компанија што ќе ја реализира првата фаза од реконструкцијата на главната улица во населеното место Сарај. Станува збор за целосна санација на сообраќајницата во должина од 665 метри, за која е планирано од градскиот буџет да се одвојат 5.623.632 денари, без вклучен ДДВ. На овој потег ќе се постави нов коловоз, а предвидено е да се обноват и девастираните патеки наменети за пешаци и велосипедисти. Проектот во натамошните фази ја опфаќа реконструкцијата на оваа улица на потегот од црквата Св. Злата Мегленска до раскрсницата со магистралниот пат за локалитетот Матка и патот за Тетово.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

Тендерот за реализација на првата фаза од реконструкцијата на главната улица во Сарај е отворен до 18 јануари 2016 година. По изборот на најповолен понудувач, градските власти ќе пристапат кон остварување на градежните работи, за што се обезбедени средства од Буџетот на Град Скопје за 2016 година. Главната сообраќајница во ова населено место ќе се поврзе на новоизградениот мост што ги поврзува општините Ѓорче Петров и Сарај. Во рамките на проектот, тогаш беа изведени пристапните улици од неколку стотина метри од мостот кон црквата Св. Злата Мегленска.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk