Претходна статија
Се подготвува промена на уште пет фасади во центарот на Скопје
Следна статија
GEZE Консалтинг

Отворање и затворање како со магија: разновидност на функции и решенија

Распишан тендер за втората фаза од изградбата на „Светиклиментовиот универзитет“

Објавено на 29.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Управата за заштита на културното наследство денеска објави тендер за избор на градежна компанија која што ќе ги врши изведбените работи на втората фаза од проектот за возобновување на „Свети Климентовиот универзитет“. Иако официјалните лица од установата пред помалку од еден месец истакнаа дека најпрвин ќе се работи на Музејот на Плаошник и на Свети климентовата библиотека предвидени во рамките на првата етапа, сепак во текот на наредната година ќе започне паралелна изградба и на Богословскиот факултет, Манастирскиот конак, Резиденцијалниот објект, Компјутерскиот центар и Афилијациите на светски универзитети кои беа најавувани за реализација дури по завршувањето на првично предвидените зданија. Според досегашните информации, нема никакви промени во проектната документација за возобновување на „Свети Климентовиот универзитет“ изработена пред повеќе од две години. Јавното отворање на доставените понуди од градежните компании ќе се одржи на 14 јануари 2013 година.

 

 

 

Изградбата на Музејот на Плаошник, Свети климентовата библиотека и на неколку останати објекти од планираниот комплекс започна кон крајот на октомври годинава. Претпријатијата „Митан пром“ од Охрид и „МЗТ инженеринг“ од Битола треба да ги завршат градежните работи од првата фаза најдоцна до почетокот на февруари 2014 година. За целосна реализација на проектот во наредните четири години ќе бидат потребни барем 24 милиони евра, а на интернет – страницата на Бирото за јавни набавки веќе е публикуван првиот договор склучен со охридската градежна компанија за изведување на планираните објекти на ниво на карабина во вредност од 295 милиони денари или околу 4,8 милиони евра. Идејата за возобновување на „Свети Климентовиот универзитет“ е стара неколку години, а неговата изградба првично требаше да отпочне во 2010 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект