Претходна статија
МЕПСО ќе инвестира 26 милиони евра во два нови далноводи
Следна статија
Почна изградбата на првата станбена зграда во Општина Илинден

Раскинат договорот со хрватски „Конструктор“ за мостот „Око“

Објавено на 10.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Пешачки мост „Око“Иако активностите на градилиштето започнаа пред повеќе од три години, пешачкиот мост „Око“, кој треба да го поврзе Кејот 13 ноември со Археолошкиот музеј [»мапа], сеуште не е завршен. Поради неисполнување на одредбите од договорот, Општина Центар еднострано го раскина договорот со хрватската компанија „Конструктор“ од Сплит и започна нова постапка за избор на градежна фирма која треба да ги изведе градежните работи во функција на негово целосно комплетирање. Идниот изведувач ќе има рок од 4 месеци или 120 денови за да ги доврши преостанатите фази од изградбата на пешачкиот мост. Јавното отворање на пристигнатите понуди ќе се одржи на 30 октомври во просториите на локалната самоуправа на Центар.

 

Од Општина Центар во неколку наврати предупредија дека ќе го раскинат договорот со хрватски „Конструктор“, а како главна причина за тоа го нагласуваа пролонгирањето на рокот за изградба на проектот за повеќе од една и пол година. Во изјава за телевизијата „Телма“, портпаролот на Општината Јовица Ацковски најави и тужба за Хрватите поради непочитување на одредбите од договорот. Компанијата од Сплит веќе ги загуби зделките со Агенцијата за млади и спорт и со Управата за заштина на културно наследство за реализација на 100 повеќенаменски спортски игралишта и за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид, а и Градот Скопје најави раскинување на договорот за реализација на катната гаража кај „Беко“. Изградбата на пешачкиот мост „Око“ започна на почетокот од септември 2009 година. Проектната документација предвидува зданието да биде во форма на око, а на него да се постават 28 скулптури, кои се изработуваат од страна на српската леарница „Јеремиќ“. Инвестицијата за изградба на мостот изнесува 1,5 милиони евра, додека планираните скулптури чинат 170.000 евра.

 

 

» Форумска дискусија за мостот „Око“