Претходна статија
И Општина Аеродром ќе реконструира фасади на станбените згради
Следна статија
„Алкалоид“ инвестираше во нов „Центар за контрола на квалитетот“

„Рапид Билд“ ќе го гради гасоводот Штип – Неготино

Објавено на 26.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кумановската фирма „Рапид Билд“ е избрана за изведувач на магистралниот гасовод од Штип до Неготино, јави порталот „Фактор“. Конечниот избор следува по одлуката на Државната комисија за жалби по јавни набавки да ја отфрли жалбата на конзорциумот предводен од прилепската фирма „ДМБ Продуцтион“. Првичната одлука за избор на изведувач на работите беше донесена од „Македонски енергетски ресурси“ уште пред еден месец, по што некои од компаниите реагираа на спроведената постапка. Во конзорциумот што го предводи фирмата „Рапид Билд“ влегуваат и фирмите „Квалитет Пром“, „Чакар и Партнери“, „ЕЛТЕ Инжинеринг“ и „Спектартермо“. За изградба на гасоводот тие доставиле понуда во висина од 15,8 милиони евра.

 

 

 

Тендерот за магистралниот гасовод Штип – Неготино беше објавен кон крајот на декември минатата година. Трасата на цевководот ќе почнува од блок станицата 5 во Штип до главната мерно – регулациона станица во Неготино. Вкупната должина на гасоводот изнесува 36 километри. Финансиите за реализација на овој инфраструктурен објект се обезбедени со кредитно задолжување на нашата земја од 90 милиони евра кај германските Дојче Банка и Ерсте Банка.