Претходна статија
Пробиени 85% од автопатот Кичево - Охрид
Следна статија
Град Скопје ја реконструира главната сообраќајница во Сарај

Раководителите оптимисти за развојот на градежниот сектор

Објавено на 11.04.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежниот сектор со оптимизам гледа кон натамошниот развој на градежништвото во земјава. Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во првото тримесечје од 2017 година е зголемен за 0,1% во однос на претходното тримесечје, а е зголемен и за 1,3% во однос на истиот период од 2016 година. Очекувањата за вкупните нарачки за градежни работи се речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, се наведува во извештајот на Државниот завод за статистика. Менаџерите од градежниот сектор очекуваат дека бројот на вработени ќе се зголеми во наредните три месеци.

 

Оценката за економската состојба во првото тримесечје од 2017 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во споредба со идентичниот период лани. Оценката за сегашната состојба со порачки на нивните деловни субјекти, како и оценката на финансиската состојба, се поповолни во однос на претходното тримесечје. Во наредниот период се очекува зголемување на продажните цени, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во првото тримесечје од 2017 година се над нормалата.

 

Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следниве фактори: зголемени трошоци за материјали со 27%, нема побарувачка со 17%, конкуренција во сопствениот сектор со 10,6% и неповолни временски услови со 10,1%.