Претходна статија
СДСМ: Новата градска власт ќе го сопре проектот „Скопје 2014“
Следна статија
СДСМ подготви нов закон за заштита и зголемување на зеленилото во градовите

„Радиус Архитекти“ со прва награда на Конкурсот за изградба на катна гаража во Охрид

Објавено на 16.02.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По двата неуспешни обиди за избор на идејно решение, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП) избра победник на Конкурсот за изградба на првата катна гаража во Охрид. Архитектонскиот труд на „Радиус Архитекти“ од Скопје е избран за најсоодветен за решавање на проблемот со паркирање кај Центарот за култура „Глигор Прличев“ во центарот на Охрид. Архитектите од ова биро се стекнаа со првата награда во висина од 150.000 денари. Второнаграден со 100.000 денари е пристигнатиот труд од „Вектор 90 Томе“ од Струмица, додека третата награда од 50.000 денари од страна на жирито му е доделена на архитектонското биро „Лелелеле“ од Скопје.

 

 

На конкурсот биле поднесени вкупно пет идејни решенија. АДСДП доделило и два откупи за трудовите на фабриката „Карпош АД“ од Скопје и на групата архитекти – Митко Хаџи-Пуља, Бетим Зеќири и Никола Стрезовски. Како следна фаза од реализација на проектот, акционерското друштво треба да го подготви основниот проект за објектот.

 

Засега нема информации колку ќе чини реализацијата на проектот. Иако првично беше замислено објектот да се гради од локалната самоуправа, АДСДП се одлучи да ја преземе улогата на инвеститор. Катната гаража кај Центарот за култура „Глигор Прличев“ ќе има приземје и четири ката и ќе се простира на површина од 4.500 метри квадратни.