Претходна статија
Европски пари за јавни инвестиции во Сопиште и Чешиново-Облешево
Следна статија
Градежниците стравуваат од отпуштање работници, владата од финалната цена на автопатите

Работниците на штрајк, потврдени грешките при проектирањето на автопатот Кичево – Охрид

Објавено на 22.06.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Продолжуваат сериозните проблеми со кои се соочува изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Денеска протестираа 144 градежници кои работат на проектот, барајќи да им бидат исплатени две неисплатени плати и работодавачите да ги почитуваат договорите за работа. Градежните работници велат дека нема да продолжат со реализација на работните обврски додека не им бидат исплатени нивните надоместоци. Ова е уште еден нов проблем со кој се соочува реализацијата на оваа автопатска делница со должина од 57 километри.

 

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска од Охрид ги потврди бројните проблеми, нагласувајќи дека прават напори за да се одблокира застојот во градежните работи. „Најголем дел се однесуваат на проектната документација која не соодветствува со реалноста која е на терен, имаме нестабилност на косините, имаме сериозна бројка на електро-енергетски објекти кои треба да се дислоцираат, имаме проблеми со експропријација“ вели министерот Сугарески.

 

И премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница ги потврди сериозните пропусти при изведбата на автопатот Кичево – Охрид. „Не може бандитските работи на автопатите криминално да ги продолжиме заради тоа што мора да знаат граѓаните дека цела траса е промашена на патот Охрид – Кичево, проектот и она што е вистинската траса. Не може да не знаат граѓаните дека тоа што претставува нерешени имотно – правни односи заради провизијата, брзајќи да се реализира нанесува огромни штети врз Република Македонија и врз буџетот на граѓаните на Република Македонија“ посочи премиерот Заев.

 

» Форумска дискусија за овој проект