Претходна статија
Продажба на парцела за болница во Карпош
Следна статија
Тетово ќе добие нов трговски центар

Пуштена во употреба северната трансферзала во Охрид

Објавено на 13.02.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со пригодна свеченост и во присуство на премиерот, вчера во Охрид во употреба беше пуштена надградената улица Железничка, која сега прерасна во булевар со по две коловозни ленти во секој правец. Сообраќајницата која е позната и како северна трансферзала е долга 2,4 километри и во нејзината надградба беа вложени 193 милиони денари. Доцнењето на проектот премиерот го објасни со искрснувањето на имотно-правни спорови долж трасата.


Северната трансферзала е втор охридски булевар и се протега од клучката на излезот кон Струга и Кичево до кружниот тек на излезот кон Ресен. На неа треба да се надоврзе источната трансферзала која траба да завршува кај кружниот тек на излезот кон Свети Наум. Источната трансферзала (која треба да го носи името Јордан Мијалков) започна со изградба во септември 2008, но работите на терен сеуште се во почетна фаза.



Форумска дискусија за сообраќајот во Охрид » овде