Претходна статија
И седиштето на СДСМ во Центар ќе мора да премине во „барок“
Следна статија
Граѓаните велат НЕ на нови згради и паркинзи во Карпош 4

Пуштена во употреба реконструираната улица „Орце Николов“

Објавено на 17.08.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски денеска свечено ја пушти во употреба реконструираната улица „Орце Николов“, на потегот од булеварот „Св. Климент Охридски“ до улицата „Михаил Цоков“. Во изминативе три недели беа реконструирани вкупно 3.600 метри квадратни од оваа скопска улица, со вкупна должина од 520 метри. Градежните активности на терен ги реализираше фирмата „Пелагонија“ од Гостивар. Покрај нанесувањето на нов асфалт, долж целата траса се поставени нови шахти и поправени се оштетените ивичници. Реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ се одвива во рамки на проектот „Работно лето 2015“.

 

*Извор на фотографија: општина Центар

 

 

Улицата е една од попрометните сообраќајници во населбата Дебар Маало. Цели 18 години овој нејзин сегмент не беше саниран, што резултираше со големи дупки на коловозот. Од општина Центар најавуваат дека следни сообраќајници за реконструкција на овој дел од централното градско подрачје се улиците „Наум Наумовски – Борче“ и „Аминта Трети“.