Претходна статија
Општина Штип продава 26 градежни парцели за разновидни намени
Следна статија
Изградбата на нова термоелектрана во Неготино повторно се актуелизира

Пуштена во употреба нова спортска сала во населбата Ченто

Објавено на 27.02.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Владиниот проект за изградба на 35 спортски сали низ македонските општини донесе втор ваков објект во општина Гази Баба. Градоначалникот Тони Трајковски, во придружба на вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, вчера ја пуштија во употреба новата спортска сала во скопската населба Ченто. Објектот се наоѓа во склоп на основното училиште „Крсте Мисирков“ и се простира на површина од 1.200 метри квадратни, вклучувајќи го трибинскиот простор. Салата е опремена со спортски реквизити за практицирање на најразлични видови на спорт, како што се: мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика и пинг – понг.

 

* Извор на фотографија: Општина Гази Баба

 

Спортската сала „Крсте Мисирков“ ќе се користи за одвивање на физичкото образование на учениците, но и за рекреативни активности на локалното население. Објектот ќе биде достапен и за организирање на спортски натпревари. Со реализација на овој објект, владиниот проект за изградба на 35 спортски сали на територијата на целата земја се наоѓа пред својата завршница. Со средства од државниот буџет, Агенцијата за млади и спорт во изминатава деценија има издигнато 34 спортски сали.