Претходна статија
ГТЦ работи со загуби, но ќе најде пари за барокизација
Следна статија
Изложени архитектонските трудови за новиот изглед на „Езерце“

Пуштена бродската линија од Охрид до Поградец

Објавено на 17.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По две и пол децении исполнети со неостварени ветувања, денеска беше промотивно пуштена во употреба бродската линија од Охрид до Поградец. Во летниот  период жителите и туристите од овие населени места ќе можат да ја преминат границата со брод. Овој граничен премин преку Охридското езеро ќе функционира во периодот од 15 јуни до 15 септември. „Доколку има интерес ние сме спремни ова да биде и редовна линија. Во меѓувреме направени се сите административни работи неопходни за воспоставување на една ваква линија“, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

 

 

 

До 1948 година по езерските води Охрид и Поградец ги поврзувал бродот Корзика. По долги години застој во водениот транспорт, туристите и локалното население ќе можат да ја поминат по воден пат. Цената на билетите за оваа бродска линија до денес не е позната, но според проценките на туристичките работници таа би чинела околу 15 евра.