Претходна статија
„Синтек“ ја заврши санацијата на оштетениот мост на пругата Велес - Гевгелија
Следна статија
Повик до компании за учество во изградба на повеќе-наменскиот комплекс „East Gate“ во Скопје

Пуштен во употреба реконструираниот „Северен булевар“ во Кавадарци

Објавено на 07.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Кавадарци го реализираше проектот за реконструкција на дел од „Северниот булевар“. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев објасни дека со овој проект е реконструирана сообраќајницата која ги спојува влезовите во Кавадарци од правец на Неготино и од правец на Росоман. Во оваа фаза е извршена санација на коловозот во должина од 450 метри, на потегот од спојот на северен со западен булевар до раскрсницата со булеварот „Никола Минчев“.

 

*Извор на фотографија: Општина Кавадарци

 

Градежните работи во изминативе два и пол месеци ги изведуваше кавадаречката фирма „Градба промет“. Проектот за реконструкција на „Северниот булевар“ е реализиран со средства на општината и на Вардарскиот плански регион во износ од 8.526.000 денари.